7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаника во САД: Хакери започнаa со напад на најголемите компании

Паника во САД: Хакери започнаa со напад на најголемите компании

Haker-kompijuter-virus

Американски „FBI“ ги предупреди компаниите дека хакерите користат „малициозен софтвер“ за вршење на деструктивни сајбер напади во САД, сличен како оној што го доживеа компанијата „Sony Рictures Еntertainment“.

Сајбер експертите предупредуваат дека тоа што го доживеа „Sony“ е прв голем деструктивен сајбер напад против некоја компанија на американска територија. Такви напади досега беа регистрирани единствено во Азија и на Блискиот исток, но ниту еден досега не беше изведен во САД.

Во извештајот „FBI“ не наведе колку компании биле мета на нападот, затоа што американската агенција инаку не ги објавува во своите документи имињата на „жртвите“. Од „FBI“ наведоа дека засега „напаѓачите“ се непознати.

Во доверливото предупредување на „FBI“, објавено вчера, се наоѓаат техничките детали за „малициозниот софтвер“ кој е користен во нападот, како и советите како корпорациите да се заштитат. Документот преку електронска пошта е проследен до некои американски компании, кои се замолени да не ја споделуваат понатаму информацијата.

Реакцијата на американската агенција следеше по минатонеделниот сајбер напад „без преседан“ поради кој испраќањето на електронска пошта во компанијата „Sony“ не функционираше седум дена, а во моментов онеспособени се и другите системи.

Нападот е изведен во незгоден момент за компанијата која се подготвуваше да „пушти“ неколку долгоочекувани филмови во текот на клучната филмска сезона за време на празниците.

Портпаролката на „Sony“ изјави дека компанијата вратила еден дел од важните сервиси, како и дека соработуваат со надлежните органи кои го истражуваат случајот.

Американските медиуми наведуваат дека од „Sony“ ја истражуваат можноста дали зад тој напад стојат хакери од Северна Кореја, кои сакаат да ја казнат филмската корпорација за нејзината поддршка на комедијата „Интервју“ во која „CIA“ регрутирала двајца новинари да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Јонг.

Пјонгјанг реагираше дека станува збор за филм во кој „отворено се спонзорира тероризамот“, а неговата пермиера во САД и Канада се очекува на 25-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП