4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветски автомобил на годината - дамите го кажаа својот избор (фото)

Светски автомобил на годината – дамите го кажаа својот избор (фото)

zena kola

Титулата „Светски женски автомобил на годината“ за 2014-та (Women’s World Car of the Year) му припадна на „Mercedes S-Сlasѕ“. Покрај тоа што го освои првото место во категоријата луксузни лимузини, топ моделот на „Mercedes“ е прогласен и за вкупен понедник во изборот на жирито составено исклучиво од жени.

Покрај луксузниот автомобил на годината, се избираа најдобри модели во уште 6 категории.

zena kola1

За најдобар семеен автомобил е прогласен „Audi A3 Sedan“, додека титулата спортски автомобил на годината според жените му припадна на уште едно „Audi“ – моделот „S3“.

„Honda Jazz/Fit“ e eкономичниот автомобил за 2014-та, сметаат членовите на жирито, а најдобар „зелен“ автомобил на годината е „Tesla Model S“.

zena kola2

Во класата „SUV“ возила, миленик на дамите е „Range Rover Sport“, додека победник во категоријата „автомобил од соништата“ е „Jaguar F-Type Coupe“.

На крајот, победниците во сите категории влегоа во потесниот избор за вкупниот шампион, каде што триумфираше „Mercedes S-Сlasѕ“.

Во гласањето за 2014-та година учествуваа новинарки од 15 земји, од различни делови од светот.

zena kola3

Како што се наведува, жирито за главната награда судеше врз основа на факторите кои ги вклучуваат безбедноста, вредноста која се добива за вложените пари, естетскиот изглед, просторот за багаж и ситни работи, едноставниот начин на употреба на автомобилот за превоз на дете, едноставноста во возењето, бојата, сексипилот и влијанието на животната средина.

Ги повикуваме читателките во коментар да напишат кој е најдобар женски автомобил за 2014-та година според нивното мислење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП