3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрите брендови на мотори (фото)

Најдобрите брендови на мотори (фото)

moto naslovna

Секој љубител на моторите најверојатно има своја омилена марка на која е фан и таа за него е број 1. Таа сигурно е една од следниве 10 марки.

Ова се 10-те најдобри брендови за мотори на сите времиња:

10. MV Agusta

moto 10

Компанијата е основана во 1945-та година во Каскина Коста, Италија. Основач е грофот Џовани Агуста. По неговата смрт, таа е под раководство на неговата сопруга и неговите синови. По Втората светска војна целта на компанијата е да произведува евтини средства за движење. Денес прави тркачки мотоцикли.

9. Aprilia

moto 9

Таа е сопственост на „Piaggio“. Основана е по Втората светска војна од Алберто Беџо. Првично правела велосипеди, а потоа мопеди. Во 1970-та година го прават својот прв модел на мотоцикл за мотокрос – „Scarabeo“. Денес прават тркачки мотори, а во 1999-та година влегуваат во „Superbike World Championship“.

8. Triumph

moto 8

Обновена е во 1984-та година од страна на Џон Блор. Денес е најголемиот производител на мотори во Велика Британија. Во 2002-ра година фабриката на компанијата беше уништена од пожар, токму во пресрет на прослават на нивната 100-годишнина (1902-ра). Во 2012-та година за компанијата работат 1.600 лица и таа произведува 49.000 мотоцикли годишно.

7. BMW

moto 7

Првиот мотор на компанијата е произведен во 1923-та година – моделот „R32“. Денес моторите на брендот се произведуваат во фабриката во Берлин. Најпопуларните модели се „R1200GS“ и „R1200GS Adventure“, од кои се продадени 24.467 парчиња.

6. Harley-Davidson

moto6

Легендарната американска марка е основана во Милвоки, Висконсин во првата деценија на 20-ти век. Меѓу 1977-ма и 2014-та година брендот продава само мотор со моќност од најмалку 700 cc.

5. Suzuki

moto 5

Јапонскиот производител прави секакви видови мотоцикли – од патните модели до оние „MotoGP“. Некои од најпознатите мото натпреварувачи во историјата ги возат моделите на „Suzuki“.

4. Kawasaki

moto 4

Фирмата е со седиште во Токио. Првично, таа била бродоградбена компанија. Денес се издвојува моделот „Ninja ZX-10R“.

3. Ducati

moto 3

Италијанската компанија е со седиште во Болоња и е сопственост на „Audi“ преку нивната сестринска фирма „Lamborghini“. Во 1926-та година Антонио Дукати и неговите синови ја базираат „Società Scientifica Radio Brevetti Ducati“ во Болоња. Произведуваат кондензатори и радио делови. Почнуваат подоцна да прават мотоцикли. Заработуваат светска слава во 60-тите години, кога го произведуваат најбрзиот мотор со моќност од 250 сc во тоа време.

2. Honda

moto 2

Јапонската компанија произведува автомобили и мотоцикли. Таа е најголемиот производител на мотоцикли во светот од 1959-та година, како и најголемиот производител на мотори со внатрешно согорување, од кои прават над 14 милиони годишно. Во 1959-та година „Honda“ влегува со 5 мотори во трката „Isle of Man TT“. Во „Motocross World Championship“ компанијата има 6 титули, а во „World Enduro Championship“ – 8 титули.

1. Yamaha

moto 1

Јапонската компанија не произведува само мотоцикли, туку и јахти и други моторизирани производи. Основана е во 1955-та година. Кон 2012-та година има 109 консолидирани филијали. Нивниот прв мотор „YA-1“ е произведен во 1955-та година. Денес прави мотори со моќност од 50 до 1.900 кубика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП