2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако да го забрзате вашиот Android телефон?

Како да го забрзате вашиот Android телефон?

Digital Life-Gift Guide-Smartphone Buying Guide

Голем проблем кај старите мобилни уреди во текот на работата со повеќе апликации не предизвикува процесорот, колку што е недостатокот на работна меморија.

Смартфонот го користи „RAM“-от  така да ги пренесува привремените податоци, а што поголем е капацитетот, тоа е полесно да се справи со повеќе работи одеднаш. Еве како можете да ја оптимизирате работната меморија на Вашиот уред на „безболен“ начин.

Оперативниот систем и придружниот процесор редовно ќе заземат добар дел од работната меморија и тоа веднаш по вклучувањето на уредот, дури и корисникот да не активира некоја дополнителна апликација. Со инсталирање на повеќе апликации, „widget“ и друг материјал, „RAM“-от полека се полни, а и покрај тоа што „Android“ во денешно време рационално управува со ресурсите, тоа незначи дека може да работи како и првиот ден, доколку е „преполн“.

За постарите уреди кои не се „ротовани“, треба да се ограничи количината на „widget“ и „live wallpaper“, затоа што покрај полнењето на работната меморија, и тоа како влијаат на траењето на батеријата на уредот.

Слична работа важи и за апликациите кои без знаење на корисникот можат да работат во позадина.

Со цел да ги организирате апликациите и да одредите кои треба да работат, а кои не, треба да селектирате „Settings“, „Apps“ или „Application Manager“ со цел да добиете извештај за сите апликации во уредот.

За деактивација на апликациите доволно е да влезете и да изберете „Disable“, но треба да знаете дека поради тоа во случајот на некои апликации може да дојде до нестабилност во работата на уредот.

„Ротованите“ уреди со „microSD“ поддршка имаат нешто повеќе опции, а трикот е да креирате партиција на (што е можно побргу) „SD“ каритчката која служи како секундарен извор на работна меморија. Тоа е можно да се направи со т.н. „RAM Expander“ апликации како оваа, а пред се треба да се провери дали уредот е компатибилен (превземање на „MemoryInfo & Swapfile Check“ и да се направи тест за RAM Expander).

Потоа треба да се стартува „RAM Expander“, да се дозволи „root“ пристап и да се избере оптималната вредност за партицијата (со цел да добиете најдобри можни перформанси). За крај доволно е да одберете „Swap Activ“ и да уживате во нешто побрз уред.

Сепак, со овој потег „SD“ картичката повеќе неможе да се чита на компјутер!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП