21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа рурален развој Македонија доби 20 милиони евра од ЕК

За рурален развој Македонија доби 20 милиони евра од ЕК

programa razvoj 44

Европската комисија и додели 20 милиони евра грант на Македонија за развој на земјоделството и руралните општини, кои ќе бидат искористени во рамки на два проекта ­ едниот наменет за инфраструктурни проекти во рурални општини и вториот за наводнување како дел од ИПАРД програмата. Со потпишувањето на овие два договора, секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, додека урбаните општини по 120.000 евра.

Договороите денеска во Министерството за финансии ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставерски, вицепремиерот за евроинетрации Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Аиво Орав и претставникот на Светска банка во земјава Беким Имери.

Како што истакна вицепремиерот Ставрески, кон првиот договор на грантот во износ од 15,5 милиони евра неповратни средства од ЕУ, од Буџетот на РМ ќе бидат издвоени уште 5,2 милиони евра со што вкупната сума за развој на руралните средини ќе изнесува 20,7 милиони евра. Овој проект, додаде, е насочен кон поголема апсорбција на средствата што ЕУ ги лоцираше за РМ преку ИПА–структурните фондови за 2013 година, поточно во петтата ИПА компонента за подобрување и развој на руралната средина

„Врз основа на искуствата што претходно ги имавме со Свестка банка и веќе востановените практики за имплементација на слични проекти како што е МСИП проектот, дел од ИПА средствата за рурален развој ќе се администрираат од страна на Светска банка, а оперативно ќе се спроведе проектот преку МСИП единицата во Министерството за финансии, односно преку проектот за подобрување на општинските услуги, кој што се спроведува веќе неколку години. Со овој проект се поддржува рамномерниот регионален развој и развојот на руралните средини, односно ќе биде насочен кон создавање поквалитетни услови за живот и економски развој на понеразвиените подрачја. Во таа насока проектот се вклопува и во приоритетите на Владата на РМ, како и во приоритетите на Европската агенда за рамномерен регионален развој“, рече Ставрески.

Најголем дел од средствата од овој проект што се спроведува по прв пат, ќе бидат наменети за инвестиции во инфраструктурни проекти, како што се водоснабдување, третман на отпадни води, управување со цврст отпад, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, основна инфраструктура која обезбедува пристап до електрична енергија, енергетска ефикасност, улично осветлување, изградба на туристички и рекреативни објекти, детски градинки, младински културни центри и се што општините ќе го предложат, а ќе биде оценето како приоритет од нивна страна.

„Овие средства општините ќе ги добијат неповратно без обврска за враќање и врз основа на досегашните подготовки на кои досега работевме, до крајот на месецот ќе биде разпишан конкурсот на кој општините ќе може да аплицираат за користење на овие средтства. Општините се и претходно информирани и голем дел се веќе подготвени со проекти“, рече вицепремиерот Ставрески.

Според евроамбасадорот Орав, ЕУ доделува вкупно 20 милиони евра за двете спогодби за финансирање за поддршка на претпристапните проекти за рурален развој. Првиот ќе биде спроведен со два партнера ­ СБ и Министерството за финансии, а од клучно значење е улогата на градоначалниците при изборот на проекти во консулатација со граѓаните заради нивно поефикасно искористување. Вториот проект е наменет за наводнување, а ќе се спроведе од Минисретството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целта на проектот е утврдување и подготвување на мали проекти за наводнување кои се еколошки со ниски инвестициски торшоци, а за чија реализиација ќе бидат доделени дополнителни европски ресурси.

„Со потпишување на овие спогодби, 23 милиони евра од ЕУ и национални средства ќе бидат директно наменети за руралните области и нивните граѓани. Верувам дека ова претставува одлична можност за реафирмација дека Европа се грижи за руралното население и земјоделство не само во ЕУ туку и во другите земји“, рече амбасадорот Орав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП