4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus RC врвен луксуз со фантастични перформанси (фото)

Lexus RC врвен луксуз со фантастични перформанси (фото)

rc lex

Категоријата на луксузни спортски купе модели станува се поинтересна. „Lexus RC 350“ пристигнува на пазарот со многу интересен дизајн и високи перформанси, како ниту еден „Lexus“ пред него.

Развиен како самостоен модел, а не според примерот на некој седан, па затоа „RC“ нуди перформанси, индивидуалност и врвен луксуз и технологија, а тоа го ветува и неговата каросерија.

rc lex1

Од „Lexus“ очекуваат дека „RC“ ќе ја привлече наредната генерација на купувачи на луксузни возила, како и нови купувачи на овој бренд. Додека „RC 350“ го привлекува вниманието со врвниот екстериер, него истовремено го карактеризира ефикасноста на погонскиот агрегат.

Овој модел во стандардна верзија е опремен со „V6“ мотор со зафатнина од 3.5-литари кој развива 306ks моќ и кој е поврзан со осумстепена „Sport Program Direct Shift“ трансмисија која овозможува моделот со погон на задните тркала да оствари лесна акцеларација, предвидлив вртежен момен и добра економичност на потрошувачката на гориво.

rc lex2

Клучна работа за одлично управување со овој модел е неговата ултра крута платформа. „RC“ е најновиот модел кој го карактеризира трансформацијата на управување, која „Lexus“ ја започна со моменталниот „GS“ модел и ја пренесе на новите „IS“ спортски седани.

Од почетокот на достапноста, „Lexus“ ќе го нуди новиот „RC 350“ модел со систем на погон на задните и на сите четири тркала, при што овој другиот ќе користи шестстепена автоматска трансмисија, како и „F Sport“ веризјата.

rc lex4

„F Sport“ верзијата ќе биде специфична по тоа што возилото ќе го карактеризира стандардно променливата суспензија, како и „Lexus Dynamic Handling“ системот кој вклучува управување на задните тркала.

rc lex5

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП