18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно штрајк во Lufthansa

Повторно штрајк во Lufthansa

lufthansa pilotii

Германскиот синдикат на пилотите „VC“ повика на штрајк во авиокомпанијата „Lufthansa“ во понеделник и вторник бидејќи пропаднаа преговорите за раното пензионирање на пилотите.

Спорот околу предложените промени поврзани за раното пензионирање на пилотите, резултираше со повторен прекин на работата оваа година, што се одрази на илјадници патници на најголемиот германски авиопревозник.

Синдикатот на пилотите „VC“ соопшти дека штрајкот ќе траe од пладнe по локално време до 23:59 во вторник на кратките и средно- долги летови, како и од 3:00 до 23:59 часот во вторник на долгите линии.

Компанијата „Lufthansa“ не беше достапна за коментар за најавениот штрајк на пилотите, пренесува агенцијата Ројтерс.

Од оваа авиокомпанија претходно најавија дека „Lufthansa“ направила отстапки во наведените разговори кои вклучуваат пет проценти зголемување на платата, но повторија дека не би прифатиле новите пилоти, како и оние кои од претходно работат во компанијата, да се пензионираат на 55 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП