5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако да се заштитите од шпионирање на Твитер?

Како да се заштитите од шпионирање на Твитер?

twitter

Твитер наскоро ќе почне да ги собира информациите од почетниот екран на мобилните телефони, со цел да ги открие информациите за другите апликации кои се користат.

Целта е оваа социјална мрежа да го подобри работењето со огласите и на корисникот да му се овозможат порелевантни огласи.

Re/code известува дека штом официјалната Твитер апликација се инсталира на апаратите iOS или Андроид, почнува собирање на податоците.

Секако, постои начин тоа да се спречи. На платформата iOS, корисниците треба да одат на табот Me, да ја кликнат иконота gear, потоа Settings па името на налогот кои сакаат да го креираат и Privacy, и на крајот го одбираат Tailor Twitter based on my apps.

Корисниците на Андроид треба да одат на иконата overflow, да одберат Settings, потоа името на налогот кои сакаат да го креираат, па Other и на крајот идентично го одбираат Tailor Twitter based on my apps.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП