4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрн петок: Кавги и тепачки до последниот телевизор (видео)

Црн петок: Кавги и тепачки до последниот телевизор (видео)

black

Во САД  имаше масовни намалувања на цените на производите, што во некои трговски центри доведоа до немили сцени.

Црниот петок е своевиден празник на потрошувачката, кој следува по американскиот Ден на благодарноста, а кој се карактеризира со исклучително ниски цени на производите, на кои граѓаните тешко им одолеваат.

Со Црниот петок се отвора сезоната на божикниот шопинг, а голем дел критичари го нарекуваат црното наличје на конзумеризмот или потрошувачката култура.

Поради големата заинтересираност за производите кои многумина не можат да си ги дозволат по „нормални“ цени, неретко доаѓа до кавги, стампеда, тепачки и општ хаос.

Најголемите кавги обично се поради електронските уреди, како што се телевизорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП