Компанијата „Apple“ најверојатно има во план веќе следната да го прекине производството на моделот „iPhone 5C“.
Според пишувањето на оддредени медиуми, компанијата од Купертино некаде на средината на 2015-та ќе го стопира производството на својот најевтин смартфон.
Овој уред на пазарот се појави во 2013-та година, како алтернатива на премиум моделот „iPhone 5S“, но тој не ги исполни очекувањата на раководството на компанијата, кога станува збор за продажбата на истиот.
Во март, „Apple“ го претстави моделот со 8GB и го понуди со пониска цена, со цел да ја подобри продажбата, но најверојатно ниту овој потег не вроди со плод.