31 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалските менаџери оваа година заработиле 115 милиони фунти во Англија

Фудбалските менаџери оваа година заработиле 115 милиони фунти во Англија

Soccer-Agent

Премиерлигата веќе подолго време има статус како едно од најатрактивните првенства во Европа, во кое и се трошат најмногу пари. Па поради тоа, најдобра заработувачка има и за менаџерите на фудбалерите, т.н. посредниците во фудбалот.

Точно 115 милиони фунти заработиле менаџерите од англиските премиерлигаши за само една година, а само од четири клуба, менаџерите заработиле по најмалку 10 милиони фунти провизија.

Најмногу од Челси, дури 16,7 милиони, а следи Манчестер Сити со 13 милиони. Најмалку, пак, од Барнли – „само“ 711 илјади фунти.

Ова предизвика негодување во англиската јавност, според која големите суми издвоени за менаџерски провизии ги оценија како – најглупаво трошење на пари!

pari menadzeri

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП