29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил излезе од рецесија

Бразил излезе од рецесија

brazil1155

Економијата на Бразил во третиот квартал порасна за 0,1 проценти во однос на претходните три месеци, извлекувајќи се од рецесијата, соопшти вчера владата на Бразил.

Производствениот сектор, тешко погоден од економското забавување, започна за зајакнува во третиот квартал, а добри резултати забележа и услужниот сектор, наведува бразилскиот Институт за географија и статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Економскиот раст, сепак, на годишно ниво е негативен во третиот квартал и изнесува минус 0,2 проценти. Седмата по големина светска економија во првите два квартали од оваа година евидентираше пад на бруто домашниот производ (БДП), а растот од третиот квартал, иако слаб, е добра вест за претседателката Дилма Русеф, која со тесно мнозинство го доби изборите минатиот месец.

Под водство на Русеф, Бразил во 2011 година оствари раст од 2,7 проценти, во 2012 1,0 проценти, а минатата година 2,5 проценти. За тековната година, централната банка на Бразил предвидува раст од само 0,7 проценти, во однос на претходно очекуваните 1,6 проценти. Меѓународниот монетарен фонд исто така ја намали својата прогноза за растот на Бразил од 1,3 на 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП