4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMINI ќе има само пет модели во својата гама

MINI ќе има само пет модели во својата гама

P90064310

По вестите дека „MINI Coupe“ и „Roadster“ ќе престанат да се произведуваат во 2015-та, од „BMW“ пристигнува најава дека актуелното семејство на „MINI“ автомобили во иднина ќе остане без три модели.

Членот на управниот одбор на „BMW“, Петер Шварценбауер, изјави дека гамата на марката „MINI“ ќе биде сведена на 5 модели.

Шварценбауер не прецизираше кој автомобили ќе останат во понудата по најавената „чистка“, но рече дека секој од тие модели ќе има единствена карактеристика по која ќе се одвојува од останатите возила во гамата на „MINI“.

По најавите дека „MINI Coupe“ и „Roadster“ би можеле да останат без наследник и најавите дека на овие модели би требало да им се придружи и „Paceman“, се доаѓа до заклучок дека идната палета на „MINI“ ќе се состои од хечбек со 3 и 5 врати, кабриолет, како и моделите „Countryman“ и „Clubman“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП