12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат Meizu Ubuntu Touch OS уреди

Пристигнуваат Meizu Ubuntu Touch OS уреди

meizu ubuntu

Кинескиот производител на мобилни уреди „Meizu“ и компанијата „Canonical“, која стои зад популарната „Linux“ дистрибуција „Ubuntu“, потпишаа договор за стратешка соработка.

Според него, двете компании активно ќе го промовираат новиот мобилен оперативен систем „Meizu Flyme OS“, кој се базира на „Ubuntu Touch“ и пропратните апликации.

Засега не се познати спецификациите на новиот уред кој ќе го користи споменатиот оперативен систем, но се претпоставува дека тоа би требало да биде моделот „Meizu MX 4“.

Уредите на „Meizu“ кои ќе го содржат новиот оперативен систем „Flyme OS“ би требало да се најдат во продажба во Европа и Кина во текот на првиот квартал од идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП