16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLukoil ја напушта Централна Европа

Lukoil ја напушта Централна Европа

lukoils 3

Руската нафтена компанија „Lukoil“ планира да оствари најмалку 200 милиони евра од продажбата на своите објекти во Словачка, Чешка и Унгарија.

Тоа произлегува од финансискиот извештај на компанијата, пренесува агенцијата Тас.

„Lukoil“ потпиша договор со компаниите „Slovnaft Ceska Republica“ и „Norm Benzinkut“ за продажба на сто проценти од уделот на групата во компаниите „Lukoil Slovakia“, „Lukoil Czech“ и „Lukoil Hungary“.

Цената на трансакцијата се состои од два дела – фиксна сума која приближно изнесува сто милиони евра и променлива која зависи од величината на работниот капитал на наведените компании на денот на завршувањето на трансакцијата и подлежи на корекции, се наведува во извештајот.

До крајот на годината „Lukoil“ планира да потпише договор со унгарската „MOL“ и „Norm Benzinkut“ за продажбата на мрежата бензински станици во Чешка, Словачка и Унгарија.

Според тој договор, „Slovnaft Ceska Republica“ (компанија-ќерка на „MOL“) ќе купо од „Lukoil“ мрежа од 44 бензински станици на територијата на Чешка, а „Norm Benzinkut“ ќе преземе мрежа од 75 бензински станици на „Lukoil“ во Унгарија и 19 во Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП