ТЕХНОЛОГИЈА

ГоПро почнува со производство на дронови

maxresdefault

Американската компанија ГоПро ќе започне сериско производство на дронови за приватна употреба, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Компанијата, со седиште во Калифорнија, моментно е водечка во производство на камери и фотоапарати, специјализирани за снимки и фотографии во екстремни ситуации.

Затоа има логика зошто ГоПро размислува за новите производи кои се поврзани со небото, а посебно
поради тоа што дроновите кои ги прават другите фирми имаат на себе камери од оваа компанија.

Иако ГоПро е компанија со сериозна репутација кога е во прашање екстремниот спорт, главното прашање е дали таа ќе биде во состојба да направи квалитетен дрон кој ќе влезе во масовна продажба.

Конкурентските фирми, како што се ДЈИ и Парот, по неколку обиди не успеале сериски да произведат дронови за приватна употреба. Она што е сигурно е дека останатите производители на дронови стравуваат, бидејќи ГоПро е име зад кое стојат големи бизнис успеси.