6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter ќе ги шпиoнира сите апликации во вашите уреди

Twitter ќе ги шпиoнира сите апликации во вашите уреди

Twitter

„Twitter“ откри дека ќе започне да собира информации за сите корисници на оваа друштвена мрежа кои имаат инсталирано апликација на телефони и таблети.

Друштвената мрежа соопшти дека благодарејќи на овој чекор ќе успее да им понуди соодветни реклами на корисниците.

Информациите ќе се собираат од сите корисници кои оваа апликација ја користат на „iOS“ и „Android“ уредите.

„Twitter“, кој тврди дека има 284 милиони месечни активни корисници, вели дека само ќе ги собираат само имињата на апликациите кои луѓето ги имаат на своите уреди, но не и податоците внатре во тие програми.

Тие информации „Twitter“ ги нарекува „графички податоци“ за лицето и ќе ги користи да му понуди „соодветни реклами“.

Oвој сервис автоматски ќе биде активиран кај сите корисници, но опцијата може да се исклучи.

Покрај тоа што во наредниот период ќе се обидат да привлечат повеќе корисници, во „Twitter“ се надеваат дека ќе порасне и откупувањето на други „IT“ компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП