3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина ја казни компанијата Microsoft со 140 милиони долари

Кина ја казни компанијата Microsoft со 140 милиони долари

Microsoft-kina 3

Кинеската влада го казни американскиот софтверски гигант „Microsoft“ со 140 милиони долари поради избегнување на плаќање даноци.

Како што пишува „Financial Times“, повикувајќи се на кинеската новинска агенција „Xinhua“ која не го споменува „Microsoft“ по име, веќе се наведува дека е казнета компанија чие име започнува на буквата „М“ и која има идентичен финансиски профил како компанијата чие седиште е во Сиетел. Американската компанија се согласила да го плати споменатиот износ, но не како казна поради неплаќање данок, туку дел од исполнувањето на „однапред договорениот билатерален договор за цените“, постигнат со кинеските власти.

„Во 2012-та година, даночните власти на Кина и САД постигнаа билатерален договор за цените кој се однесува за работењето на „Microsoft“ во Кина. Бидејќи неможеме да потврдиме дали „Microsoft“ е компанијата на која се мисли во извештајот на „Sinhuа“, нашата компанија потсетува дека константно го плаќа данокот во Кина, според условите од договорот за цените“, се наведува во соопштението на американската компанија.

Како што известува „Xinhua“, компанијата „М“ привлече големо внимание на кинеските даночни власти, затоа што нејзината просечна профитабилност во Кина изнесува 12 отсто, додека во изминативе шест години пријави загуба во просек од 18 проценти. Исто така е откриено дека повеќе од половина од остварениот профит, „Microsoft“ го има префрлено во седиштето во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП