15 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung ќе откупува сопствени акции

Samsung ќе откупува сопствени акции

samsung-413x294

Јужнокорејскиот гигант „Samsung“ објави дека има намера да откупи сопствени акции во вредност од две милијарди долари.

Tоа ќе биде првиот ваков потег во последните седум години, пренесуваат медиумите.

Најголемиот светски производител на смартфони ќе се стекне со обични акции за 1,8 милијарди долари и приоритетни акции без право на глас од 208 милиони долари, се наведува во соопштението.

Од „Samsung“ објаснуваат дека овој чекор е неопходен со цел да се стабилизира котацијата на акциите кои паднаа за 12 отсто од почетокот на оваа година, како и подобрување на приходите на акционерите.

Акциите на „Samsung“ поскапеа за 0,9 проценти, а капитализацијата на компанијата моментално изнесува околу 201.900 милијарди вони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП