28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија 103-та на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонија 103-та на најновата ФИФА рејтинг листа

mk fudbal 354

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од четири позиции и сега се наоѓа на 103. место на најновото рангирање извршено денеска од страна на Светската фудбалска федерација – ФИФА.

Падот на „рисовите“ во однос на минатомесечното рангирање е резултат на поразот од Словачка во евроквалификациите со 2:0.

Од репрезентациите што во квалификациите за ЕУРО 2016 се во група со Македонија, најдобро пласирана е Шпанија ­ 9.место, Словачка е на 21.место, Украина се наоѓа на 26. позиција, Белорусија е 101.ва, а Луксембург на 129. место.

Во Топ 10 се наоѓаат: Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 18 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП