26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на приходите на HP

Пад на приходите на HP

hp-2584745265

Американскиот информатички гигант „Hewlett-Packard – HP“ забележа пад на приходите во периодот август-октомври , и тоа речиси на сите свои пазари, главно поради намалената побарувачка на компаниите за компјутерска опрема.

Приходите во четвртиот квартал од фискалната година, завршен на крајот на октомври, изнесувале 28,41 милијарди долари (22,77 милијарди евра) и биле за 2,5 проценти помали во однос на истиот период минатата година, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите за извештајниот квартал просечно очекувале приходи од 28,76 милијарди долари.

Нето профитот се намалил за 2,7 проценти, на 2,01 милијарди долари, односно на 1,06 долари по акција, што е во согласност со прогнозите на финансиските експерти.

За деловната 2014/2015 година, која започна на 1. ноември, оваа групација смета на профит меѓу 3,83 и 4,03 долари по акција, што е повеќе во однос на претходната фискална година, коога изнесуваше 3,74 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП