И покрај падот во побарувачката на смартфоните од средна ценовна класа и заситеноста на развиените пазари, продажбата на паметни телефони се очекува да достигне нов рекорд од 300 милијарди долари во оваа година, според предвидувањата на „Counterpoint Research“.
За споредба, во 2013-та година продажбата на паметни телефони изнесувала 280 милијарди долари.
„За новиот рекорд ќе треба да се заблагодари главно на „Apple““, според Нил Ша, директор во „Counterpoint Research“, цитиран од „CNBC“.
Само американската компанија ќе придонесе за околу една третина од приходите на смартфони во светот, благодарение на успехот на новите модели „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“, пуштени во продажба во септември.
Особено добра била продажбата на двата модели во САД, Европа и Јапонија. Само во првите две недели на продажба, новиот модел на американската компанија има повеќе од три пати од продажбата на растечкиот кинески производител „Xiaomi“ во третиот квартал.
„Apple“ се очекува да ја помине психолошката граница од 100 милијарди долари продадени смартфони „iPhone“ за прв пат во историјата на паметните телефони.
И додека просечната продажна цена на смартфоните се намалува, силината на брендот „Аpple“ дозволила таа да ги задржи продажните цени. Просечната продажна цена на смартфоните на „Apple“ е околу 605 долари во третиот квартал, кога е претставен новиот модел, наспроти 560 долари во претходниот квартал.
На глобално ниво просечната продажна цена на смартфоните е околу 238 долари во однос на 271 долари минатата година, според податоците на „Counterpoint“. Во следната година продажбата на паметни телефони се очекува да се зголеми до 320 милијарди долари, и покрај мрачните предвидувања на многу од експертите.
Зголемената побарувачка во земји како Индија, Бразил и Индонезија ќе е во основата на прогнозираниот раст во продажбата. И иако просечните цени на продаваните смартфони во овие земји таа е пониска, но таму ќе се компензира со значителниот раст во продажбата.