20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонскиот пазар ги намали приходите на Tiffany & Co.

Јапонскиот пазар ги намали приходите на Tiffany & Co.

tiffany_co_pacchetto-1024x769

Американскиот производител на луксузен накит „Tiffany“ во периодот август-октомври оствари помали приходи од претходно очекуваните поради слабата побарувачка на јапонскиот пазар.

Нето профитот во третиот квартал од фискалната година, завршен на крајот на октомври, се намали за 60 проценти на 38,3 милиони долари, додека во истиот период минатата година изнесуваше 94,6 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Приходите на оваа компанија, која во 1837 година во Њујорк ја основаа Чарлс Луис Тифани и Џон Б. Јанг, се зголемија за 5,2 проценти, на 959,6 милиони долари, додека аналитичарите прогнозираа 968,9 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП