Зголемувањето на испораките на таблети во оваа година значително го загуби темпото, покажува последната анализа на „IDC“, цитирана од технолошкиот блог „TechCrunch“. Се очекува зголемување да е само 7,2% на годишна основа, наведуваат аналитичарите.
За споредба, пред 2013-та година испораката на таблети забележаа раст со 52.5%. Според Рајан Рејт, програмски директор на анализи на мобилни уреди на „IDC“, постојат неколку сериозни тенденции во големите пазари, кои доведуваат до тоа сериозно да се променат.
Најосновната пречка е неоправданото очекување дека циклусот на замена на таблетите ќе е сличен со оној на смартфоните – две до три години. Излегува дека луѓето ги задржуваат таблетите минимум три години, па дури и повеќе од четири.
Не помага и недостатокот на којзнае какви иновации во сегментот, посочуваат од „IDC“. Повеќето новини не се доволно мотивирачки за корисниците веднаш да го сменат таблетот. Не помагаат дури и хибридните модели со дополнителни тастатури кои оваа година ќе запишат само 4% од пазарот.
Моделите со „Windows“, исто така ги привлекоа корисниците. Помалку од 5% од пазарот ќе биде зафатен од нив. Според „IDC“ во случајот станува збор за флуктуации на корисниците на „Windows 8.1“.
Најпопуларна платформа останува „Android“. Таа има скоро 68% од пазарот, или речиси 160 милиони доставени таблети. На второ место е „Apple“ со 27.5%, што ја заработува на компанијата и титулата за најпопуларен производител. Компанијата сепак е и меѓу најголемите губитници, затоа што забележа пад од 12.7%.
Очекувањата на „IDC“ за следната година се дека ситуацијата нема да се промени радикално. Појавата на „Windows 10“ ќе биде кон крајот на 2015-та година, а сето тоа зависи и како платформата ќе биде прифатена од страна на корисниците, кои ќе се попретпазливи по проблемите на „Windows 8.1“.