18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги исфрла копчињата од автомобилите (фото)

Audi ги исфрла копчињата од автомобилите (фото)

kom audi

Најновиот тренд во создавањето на ентериерот и инструмент таблата на автомобилите покажува дека наместо копчиња и тркалца, командите се повеќе се вметнуваат во екраните чувствителни на допир.

„Audi“ на најновиот концепт „Prologue“ претстави еден таков „кокпит“ во кој наместо класичните, физички команди, насекаде се наоѓаат „touch-screen“ модули преку кои се контролираат функциите во автомобилот.

kom audi1

Шефот на истражувачко-развојното одделение на „Audi“, Урлих Хакенберг, најави дека можеме нешто слично наскоро да видиме и на продукциските модели на овој производител. Според неговите зборови, во идните модели „Audi“ ќе има се помалку копчиња, а како краен резултат ќе имаме автомобил без ниту едно копче.

„Audi“, неодамна, во третата генерација на моделот „TT“ претстави уште една иновација.

kom audi2

Наместо класичните инструменти, пред возачот се наоѓа дисплеј на кој се покажуваат сите податоци кои се важни за возењето, но кои воедно вршат и функција на екран за мултимедијалниот систем и навигацијата.

На тој начин, на централната конзола е ослободен простор на кој кај повеќето нови модели се наоѓа „touch-screen“ мултимедијалниот уред.

kom audi3

Хакенберг откри дека ваквиот распоред ќе биде применет и кај уште некои модели на „Audi“, но подоцна и кај сите. Според неговите зборови, класичниот екран за мултимедијалниот систем, засега ќе се задржи кај лимузините и кросовер моделите.

Тој откри и некои детали за системот на „Audi“ за автономно управување, кој исто така во иднина ќе биде составен дел од автомобилите.

kom audi4

Како што вели, системот се уште е во развојна фаза, со оглед дека треба да се отстранат одредени недостатоци.

Еден од проблемите со кои се соочуваат инженерите на „Audi“ се однесува на должината на времето кое е потребно возачот да ги превземе командите на возилото, во случај на непредвидени услови и непосредни опасности. Тој период сега изнесува десетина секунди, што е премногу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП