20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Grand i10 - постои ли помала лимузина? (фото)

Hyundai Grand i10 – постои ли помала лимузина? (фото)

Hyundai-Grand-i10

Доколку помисливте дека „Mazda 2“ е премногу мал автомобил за од него да се направи лимузина, што ќе кажете тогаш на овој седан кој е базиран на „Hyundai i10“?

Лимузините се толку омилени кај купувачите на некои пазари кои се во развој, а производителите се одлучуваат дури и од најмалиот хечбек модел да направат седан.

Hyundai-Grand-i102

Па така „Hyundai“ за купувачите во Мексико во понудата ќе го има моделот „Grand i10“ со 4 врати, кој е долг само 3,99m.

Hyundai Grand i10“ ќе се изработува во Индија, каде истиот модел се продава под името „Xcent“, со оглед дека Индијците сакаат мали лимузини.

Hyundai-Grand-i101

Мексиканците кои ќе го купат овој седан ќе добијат мал, но моќен автомобил кој ќе го придвижува 1.2-литарски бензинец со 87 ks (64 kW). Моторот е поврзан со петбрзински мануелен менувач, а изборниот автоматик се очекува во 2015-та година.

„Hyundai“ на купувачите ќе им понуди повеќе нивоа на опрема, а богатиот пакет ќе има и автоматски клима-уред, задни паркинг сензори, електрични ретровизори…

Hyundai-Grand-i103

Основната верзија ќе чини 7.950 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП