15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro ги продава филијалите во Грција

Metro ги продава филијалите во Грција

F

Германскиот малопродажен и дистрибутивен ланец „Metro AG“ соопшти дека ја договорил продажбата на грчките филијали „Makro Cash & Carry“ на локален ривал за 65 милиони евра.

„Metro AG“ ќе биде продаден на локалната малопродажна група „Sklavenitis“. Трансакцијата го вклучува нашето целокупно работење во Грција од девет големи продавници и недвижен имот“, наведува германската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Sklavenitis“ е совршен партнер за преземање на нашето работење. Тој е веќе добро позициониран во Грција и ќе биде во состојба да оствари резултати кои ние самите не би можеле да ги оствариме“, објасни извршниот директор на „Metro“, Олаф Кох.

Продажбата на бизнисот во Грција е во согласност со стратегијата на компанијата која сака да се фокусира на пазарите кои, како што смета „Metro“, имаат перспективи за долгорочен раст.

„Во Грција, за жал, не би можеле да оствариме успех во наредните години. Под водство на „Sklavenitis“, „Metro“ ќе добиее нова шанса и уверени сме дека нашиот бизнис и работниците ги оставаме во многу добри раце“, изјави Кох.

„Metro AG“ претходно оваа година ги продаде своите супермаркети „Real“ во Турција, не прецизирајќи ја вредноста на трансакцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП