18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција во октомври ја посетиле 3,4 милиони туристи

Турција во октомври ја посетиле 3,4 милиони туристи

turcija pazar

Според податоците на Генералната дирекција за безбедност на Турција вкупно три милиони 439 илјади и 554 странски туристи ја посетиле земјата во месец октомври годинава, што претставува раст од 1,09 проценти во однос на истиот период минатата година.

Од вкупната бројка туристи, околу 247 илјади биле еднодневни посетители.

Во периодот јануари­октомври 2014 година вкупно 33.528.056 туристи ја посетиле Турција, што во споредба на истиот период 2013 година е раст од 5,57 отсто.

Најголем број туристи во октомври се од Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП