Во организација на Министерството за економија денеска ќе се одржи втората по ред манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис планови во рамки на проектот „Организирање бизнис натпревар Биди перспективен започни свој бизнис“.
Целта на проектот е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.
На манифестацијата, како што е најавено, ќе се обрати министерот за економија Беким Незири, кој ќе ги додели и ваучерите за најдобрите пет бизнис планови за 2014 година.
Се очекува да присуствуваат и ректорот на Државниот универзитет во Тетово Вулнет Ахмети и проректорот на Универзитетот на ЈИЕ Блерим Река.