28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро го остави Манчестер Сити во игра (видео)

Агуеро го остави Манчестер Сити во игра (видео)

kun

Со трите гола против Баерн Минхен постигнати синоќа во натпреварот од 5.коло од групата во Лигата на шампионите Серхио Кун Агуеро го остави својот тим во игра за нок-аут фазата во Лигата на шампионите.

Откако донесе водство Агурео, Баерн со играч помалку направи пресврт со головите на Чаби Алонсо и Робер Левандовски, а во последните пет минути Агуеро уште двапати за затресе мрежата на Баварците.

Во прилог на Манчестер Сити „одеше“ и ремито во Москва меѓу ЦСКА и Рома.

Од синоќешните дуели за одбележување и рекордот на Лионел Меси, кој со хет-трикот сега е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 74 голови и го мина Раул, поранешниот играч на Реал Мадрид.

Резултати 5.коло:

Е група: ЦСКА Москва – Рома 1:1, Манчестер Сити – Баерн Минхен 3:2.
Табела: Баерн 12, Манчестер Сити 5, Рома 5, ЦСКА Москва 5.

Ф група: АПОЕЛ – Барселона 0:4, ПСЖ – Ајакс 3:1.
Табела: ПСЖ 13, Барселона 12, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.

Г група: Шалке – Челзи 0:5, Спортинг – Марибор 3:1.
Табела: Челзи 11, Спортинг 7, Шалке 5, Марибор 3.

Х група: БАТЕ Борисов – Порто 0:3, Шахтјор – Атлетик Билбао 0:1.
Табела: Порто 13, Шахтјор 8, Атлетик Билбао 4, БАТЕ Борисов 3.

Натпреварите од групите од А до Д се играат вечерва.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП