ПочетнаКОМПАНИИСо МастерКард на Охридска банка до патување во Париз

Со МастерКард на Охридска банка до патување во Париз

oh banka sosiete

Сосиете Женерал Групацијата, Охридска банка по повод 150­годишнината организира наградна игра за сите корисници на МастерКард платежните картички.

Сите корисници на Маестро, МастерКард Стандард револвинг кредитна картичка и МастерКард Голд кредитна картичка од Охридска банка кои во периодот од 24-ти ноември до 31-ви декември 2014 година ќе реализираат најмалку 15 трансакции од по минимум 150 денари стануваат потенцијални добитници на една од вредните награди.

Главната награда е патување во Париз со три ноќевања за двајца. Покрај главната награда ќе бидат доделени два вредносни ваучери за викенд во Банско за двајца и три вредносни ваучери за викенд во Берово за двајца.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на МастерКард картичките од Охридска банка за трансакциите реализирани на ПОС терминал во кое било продажно место во земјата или со електронско плаќање преку интернет на македонски веб портали.

Правилата за наградната игра „Патувајте во Париз за 150­годишнината на Сосиете женерал групацијата“ се објавени на официјалната интернет страница на Охридска банка АД Скопје.

Извлекувањето ќе се одржи на 12 јануари 2015 година, а резултатите ќе бидат објавени на официјалната интернет страница на банката најдоцна во рок од три дена од денот на завршувањето.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП