3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛеново лансира нови таблети

Леново лансира нови таблети

Lenovo-tablet

Компанијата Леново соопшти дека на пазарот ќе пласираат нов модел на Андроид таблет со конфигурација и форма кои одговараат на потребите на корисниците, а ќе бидат достапни во вториот квартал од оваа година.

Првите претставници на новата линија се двата таблети Idea Tab серија А, уреди со монитори од седуминчи, дизајнирани со цел нивната преносливост да биде оптимална.

Моделот А1000 е идеален за корисниците на кои ова им е прв таблет, а пак А3000 има процесор со четири јадра кој е одличен за брзи перформанси, кога се во прашање игриците или пребарување на интернет.

Покрај овие модели, компанијата Леново исто така го пласираше и новиот модел Idea Tab Ѕ6000 со екран од 10инчи кој има одличен екран и ултратенок профил.

„Приметивме дека нашиот прв модел со 7-инчен екран беше одлично прифатен, особено кај младите, па така направивме нови уреди кои ќе ги задоволат вкусовите на сите купувачи“, потпретседателот на Леново, Венхуи.

Тој изрази уверување дека новата Адроид поддршка ќе им се допадне на сите потрошувачи ширум светот, затоа што е многу достапна и флексибилна, па така ќе може да ги исполнува сите потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП