Одделението на Мерцедес специјализирано за опремување на новите модели ќе им понуди на купувачите осветлено лого на предната маска.
Познатата ѕвезда со три краци ќе биде осветлена со ЛЕД-технологија и оптички влакна и тоа само кога возилото мирува.
Исто така таа ќе свети кога автомобилот ќе се отклучи или моторот се изгаси, однсно кога ќе се затвори вратата или багажникот. Еднаш кога ќе се затвори вратата, амблемот ќе се изгаси за 15 секунди. Овој додаток може да се вгради само во решетката од предната маска и ќе чини 300 евра.
Додатокот е веќе достапен за моделите од М и ГЛ класите, а од следниот месец како опција ќе биде понуден и за моделите Ц, ЦЛС и Е класите.