7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако Airbus го надигра Boeing

Како Airbus го надигра Boeing

delta-airlines-boeing-747-451-n665us

Францускиот производител на авиони „Airbus“ ќе потпише договор со американскиот авиопревозник „Delta Airlines“ за 50 долголиниски авиони, по каталошка цена од 14 милијарди долари.

Овој договор, со кој „Airbus“ му зададе удар на својот главен конкурент „Boeing“, подразбира испорака на 25 авиони од новиот модел „А350-900“ и 25 авиони од типот „А330neo“, обновената верзија на бестселерот на „Airbus“, кој ќе биде во употреба од крајот на 2017 година, прeнесува АФП, повикувајќи се на извори блиски на компаниите.

Истиот извор наведува дека „Delta Airlines“, со седиште во Атланта, инаку најголемата авиокомпанија во светот по големината на флотата и бројот на патници кои ги услужува, во април од „Airbus“ и „Boeing“ побара понуда за замена на својата постоечка флота на авиони со голема носивост „Boeing 747-400“ и „767-300“.

Според пишувањето на францускиот весник Капитал, произлегува дека „Airbus“ е во состојба побрзо да го испорача својот „A330neo“ отколку „Boeing“ својот „787 Dreamliner“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП