18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако се збогатиле Германците...

Како се збогатиле Германците…

german-people

Вo Германија оваа година се регистрирани повеќе од 19.000 мултимилионери, односно 7,2 проценти повеќе отколку лани, јавуваат германските медиуми.

Медиумите наведуваат дека тоа е најголемиот број во Европа и дека со тоа Германија, зад Америка, се најде на второто место во светот.

Бројот на луѓе чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари порасна, всушност, секаде во светот, според медиумските податоци, според кои во целиот свет оваа година има 211.000 такви мултимилионери.

За мултимилионерите на Германија се вели дека располагаат со имот и средства од околу 2,5 илјади милијарди долари, што е за десет проценти повеќе отколку минатата година. Германската специфичност е во тоа што голем број од германските мултимилионери го наследиле својот имот и средства.

Дури 28 проценти од нив за својот имот и средства од милиони би требало да им се заблагодарат на богатите роднини, кај 31 проценти од нив комбинирано е наследството и сопствената работа, а само 41 процент од нив своите милиони ги заработиле сами.

Особено голем број на милионери живеат во Минхен, Хамбург, Дизелдорф и Штутгарт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП