27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо битката за „Крањскиот колбаc“ Љубљана и Загреб продолжуваат со војна за...

По битката за „Крањскиот колбаc“ Љубљана и Загреб продолжуваат со војна за виното

vinari eueu

По битката меѓу Словенија и Хрватска за „крањскиот колбас“, војната меѓу двете земји сега продолжува поради виното.

Имено, познатото словенечко вино „Теран“, сеге е причина за битка меѓу двете држави, што можеби ќе заврши пред судот во Стразбур.

Ниту словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан, ниту пак неговиот хрватски колаега Тихомир Јаковина, не сметаат дека тоа е политака, туку велат дека станува збор за правно прашање и неговото решение се чека од Европската комисија.

Виното „Теран“ со назнака за извоз е признато како „словенечко вино“ и на тоа хрватската страна немала приговор во моментот кога тоа било регистрирано.

Тоа прашање во меѓувреме не било покриено ни со хрватскиот пристапен договор и затоа во последно време како најоптимална опција за решавање на овој спор, се напоменува Судот во Стразбур.

При тоа надежта на Хрватска дека тој спор ќе биде решен во нејзина полза е сосема неизвесна, а што се однесува до Словенија, нивниот министер Жидан може да биде мирен, затоа што, како што наведуваат медиумите, Словенците во овој случај ја имаат наклоноста на Европската комисија.

Европски извори напомеуваат дека како задоволително решение би било само она на кое ќе се согласи Словенија, а тоа подрзбира дека Хрватите наместо „Теран“ треба да користат некое друго име, со сличен назив.

Како олеснителна околност за Хрватска и нејзиниот министер Јаковина, медиумите го наведуваат тоа што со членството во Унијата, нејзиниот маневарски простор бил стеснет со тоа што старата одредба, не предвидуала можност на приговорот, а со новата одредба која го регулира ова прашање, автоматски биле признати дури и заштитените брендовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП