Тоа што поборниците на „Android“ уредите често го истакнуваат е дека имаат повеќе „слобода“ од оние кои користат „iPhone“. Сепак, повеќето мобилни апликации денеска ги има и за „Android“ и за „iPhone“, но оние кои се направени исклучиво за „Android“, често имаат некои можности кои „Apple“ уредите не ги дозволуваат, пишува „Business Insider“.
Eве неколку „Android“ апликации, според изборот на „Business Insider“, кои, како што велат, „вашите пријатели со „iPhone“ ќе ги направи љубоморни“.
„Muzei“ e апликација која го трансформира почетниот екран во „жив музеј“, односно секојдневно го краси вашиот смартфон со мотиви од познати ремек-дела.
„HoverChat“ e апликација за допишување која Ви овозможува да ја продолжите конверзацијата, дури и ако користите друга апликација или гледате видео.
„Google Keep“ e флексибилна апликација за пишување белешки и потсетници со бројни напредни опции. Апликацијата, нормално, произлегува од работилницата на „Google“.
„Cover“ може да „научи“ кои апликации ги користите во различен контекст (на пример, за време на работа или дома) и да ги селектира на почетниот екран за брз пристап.
„VLC“ Ви овозможува да ги репродуцирате повеќето видео и аудио формати. Апликацијата моментално е во бета фаза, што значи дека се уште не е целосно стабилна.