18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus планира да го испорача првиот А350 на средината на декември

Airbus планира да го испорача првиот А350 на средината на декември

avionairbus-nov-avion

Европскиот производител на авиони „Airbus“ има намера да го испорача првиот авион А350 на клиентот „Qatar Airways“ на средината на декември, објавија од компанијата.

Авионот А350, најновиот производ на „Airbus“ е директен конкурент на моделот на „Boeing“ 787 – Dreamliner, а верзијата на авионот А350-900 е дизајнирана за 314 патници.

„Airbus“ доби 750 нараки за А350 вклучувајќи 549 за А359-900 и 169 за поголемиот модел А350-1000 кој ќе влезе на пазарот во 2017 година. Помалиот А350-800 има 32 нарачки, но најверојатно ќе престане да се произведува со цел да се направи доволно место за обновениот модел А330neo.

„Airbus“ планира остро зголемување на производството со цел до крајот на годината да произведува три А350 модели месечнo, во однос на сегашните два. До краjот на наредната година се планира производство на пет авиони месечно, а до средината на 2018 година тој број би требало да биде зголемен на 10 авиони месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП