6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлбанските навивачи трипати го прекинуваа натпреварот во Џенова

Албанските навивачи трипати го прекинуваа натпреварот во Џенова

alba

Пријателскиот натпревар одигран синоќа во Џенова меѓу репрезентациите на Италија и Албанија во три навратибеше прекинуван поради влегување на гостински навивачи на теренот.

Прво на терен влезе гостински фан со албанско знаме и на колена бараше автограм од капитенот Лорик Цана.

Потоа втор навивач сакаше да го бакне Лењани додека третиот сакаше да го поздрави Цана кој го сметаат во Албанија за херој на прекинатиот меч во Белград со Србија.

Од 25 илјади присутни навивачи на стадионот во Џенова, повеќе од половината беа Албанци.

Натпреварот заврши со победа на Италија од 1:0. Победничкиот гол (автогол) беше постигнат во 82.минута од страна на Салихи. з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП