28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin разочара со резултатите

Michelin разочара со резултатите

miselin gumi 39

Акциите на францускиот производител на гуми за моторни возила „Michelin“, забележаа остар пад на берзата од 2.29 oтсто.

Ваквиот пад следуваше откако компанијата ги објави резултатите од продажбата на гуми за туристички возила и комбиња во октомври оваа година.

Во Европа, „Michelin“ споменатиот месец ја зголеми продажбата на гуми за нови автомобилите за 3.0 проценти, но продажбата на гуми за замени забележа пад од 7.0 отсто, поради топлото време и одложувањето на купувањето на зимски гуми, на кои компанијата остварува голема заработка, се наведува во соопштението.

Во десетте месеци од оваа година, продажбата пак беше во пораст и тоа за 4.0 и 2.0 отсто во секторите – гуми за нови возила и гуми за замена, во однос на истиот период од 2013-та.

Во Северна Америка во октомври продажбата во сегментот гуми за нови возила падна за 1.0 отсто, додека во другиот сегмент (за замена) забележа раст од 4.0 проценти (+4.0 и +6.0 проценти во 10 месеци).

Во Бразил, „Michelin“ во првиот сегмент имаше пад од 10 проценти, колку и во десетте месеци, но и скок од 8.0 проценти во другиот сегмент (7.0 oтсто во 10 месеци).

Во Кина продажбата на гуми за нови возила скокна за 7.0 отсто во октомври, односно 9.0 проценти во 10 месеци, додека продажбата на гуми за замена порасна за 14 проценти и 8.0 отсто во периодот јануари-октомври во тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП