19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФинскиот гигант претстави Android таблет (видео)

Финскиот гигант претстави Android таблет (видео)

tablet nokia 3

Иако неодамна објави дека не планира да произведува мобилни телефони, откако го продаде овој бизнис на „Microsoft“, но „Nokia“ изгледа сосема намерно пропушти да ги спомене таблетите. Компанијата го претстави таблетот „N1“, кој користи „Android“ и процесор на „Intel“.

Таблетот е фокусиран на побарувачката на едноставните решенија. Тој го користи интерфејсот „Nokia Z Launcher“, кој компанијата го претстави претходно во оваа година.

„„N1“ има интуитивен интерфејс и соодветен дизајн. Ова е одличен производ за фановите на „Nokia“ и сите кои се уште на го пронашле вистинскиот „Android“ таблет“, коментира Себастијан Нистром, шеф на одделот за производи во „Nokia Technologies“.

Таблетот има 7.9-инчен дисплеј, но компанија не ја прецизираше неговата резолуција. Според податоците на онлајн изданието „Android Police“, таа ќе е 2048х1536 пиксели, што сугерира и форматот на сликата, кој е 4:3. Куќиштето е со дебелина 6,9 mm и е од алуминиум. „N1“ користи 4-core процесор „Intel Atom“ кој работи на 2.4GHz. На располагање е и 2 GB RAM меморија. Самиот оперативен систем, пак, е „Android Lollipop“.

Таблетот има два стерео-звучници во долниот дел на куќиштето. Вградената меморија е 32 GB, а батеријата е со капацитет од 5300 mAh. Овој уред има и 8 МР камера со автоматски фокус на задната страна и 5МР камера на предниот панел.

Уредот се очекува да се појави на пазарот прво во Кина во првиот квартал на следната година. Неговата цена ќе биде околу 249 долари, а потоа постепено ќе се појави и на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП