2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува падот на цените на нафтата

Продолжува падот на цените на нафтата

nafta kop

Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат на светските берзи, по објавувањето дека јапонската економија западнала во рецесија.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во декември на Берзата во Њујорк поевтини за 37 центи на 75,27 долари. Во Лондон пак цената на северноморскиот „брент“ за јануарска достава исто така се намали за 37 центи, на 78,94 долари на барел.

Сингапурската банка „Јунајтед Оверсиз“ оцени дека цените на нафтата се под притисок на слабите економски показатели што доаѓаат од Јапонија, како и поради се поголемиот скептицизам дека членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) ќе успеат да постигнат договор за ограничување на производството на енергенсот.

Статистичка агенција на Јапонија соопшти дека јапонската економија во периодот јули-септември забележала пад од 0,4 отсто на квартално ниво и од 1,6 проценти во однос на истиот период лани. Ова е втор квартал по ред во кој јапонската економија белжи пад, по оној од периодот април-јуни за 1,9 отсто, со што Јапонија технички западна во рецесија.

Според податоците на американската Агенција за енергетски информации, Јапонија во 2013 година била трет најголем увзоник на нафта во светот по САД и Кина, со просечен дневен увоз од околу 4,4 милиони барели. Речиси третина од нафата Јапонија ја увезува од Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП