17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley Grand Convertible подготвен за саемот во Лос Анџелес (фото)

Bentley Grand Convertible подготвен за саемот во Лос Анџелес (фото)

grand bentley

„Bentley“ на саемот за автомобили во Лос Анџелес ќе се обиде да ги воодушеви богатите клиенти со новиот концепт кабриолет заснован на моделот „Mulsanne“.

Иако е претставен како концептно возило, „Grand Convertible“ со својот изглед најавува дека „Bentley“ веќе ги има разработено повеќето детали за продукциската верзија на новиот кабриолет.

grand bentley1

Дизајнот главно е превземен од лимузината „Mulssane“, со тоа што „Grand Convertible“ има еден пар врати помалку.

Автомобилот е прикажан во двобојно сино-сребрена комбинација, а „Bentley“ не штедеше на материјалите од скапоцени дрва, со кои е обложен панелот зад задните седишта, но и поголемиот дел од инструмент таблата.

grand bentley2

Светлите кожни седишта претставуваат контраст на темните дрвени површини во ентериерот на возилото, во кои комфорно можат да се сместат четири возрасни лица.

Наместо стандардниот 6.75-литарски V8 мотор, кој во моделот „Mulsanne“ развива 512 ks, „Bentley“ за погон ја употреби неговата подобрена верзија, превземена од „Mulsanne Speed“.

Овој мотор произведува 537 ks (395 kW) и располага со максимален вртежен момент од 1.100 Nm.

grand bentley3

Продукциската верзија се уште официјално не е потврдена, а „Bentley“ со нетрпение ги очекува реакциите на потенцијалните купувачи на прикажаниот концепт.

Во случај компанијата да се одлучи да започне со сериско производство, идниот модел во гамата ќе го заземе второто место на кабриолетот „Bentley Azure“ кој престана да се произведува во 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП