Пред официјалниот почеток на годинешниот саем за автомобили во Лос Анџелес, „Ford“ го претстави „Mustang Shelby GT350“, моделска година 2016-та, направен врз основа на шестата генерација на „Mustang“.
„Ford Mustang Shelby GT350“ ќе му конкурира на „Chevrolet Camarо Z/28“ со 505KS, a ќе го придвижува 5.2-литарски V8 мотор со повеќе од 500KS и 542 Nm вртежен момент.
Моторот се опишува како досега најмоќен продукциски атмосферски агрегат на „Ford“, а е поврзан со шестстепен мануелен менувач.
Погонот е на задните тркала, а тука е и „Torsen LSD“ диференцијалот, модифицираната суспензија, континуирано контролираните „MagneRide“ амортизери, силните „Brembo“ сопирачки (дискови од 394 mm и 380 mm), aлуминиумски тркала од 19-инчи, гуми „Michelin Pilot Super Sport“, спортски издувен систем, „aero body kit“, алуминиумска хауба, алуминиумски преден калник, тркачки ленти, „Recaro“ спортски седишта, волан со рамен долен дел, подобрена инструмент табла…
„Ford Mustang“ инаку оваа година слави 50 години, притоа што од 1964-та година до денес ширум светот се продадени повеќе од 9.2 милиони примероци.