6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Pay, полека, но сигурно го зазема своето место

Apple Pay, полека, но сигурно го зазема своето место

pay apple 40

Се чини дека Тим Кук беше во право кога изјави дека „Apple Pay“ во целост ќе го промени плаќањето што досега ни е познато.

Всушност во прилог на тоа тврдење се и првите бројки кои се однесуваат на прифаќањето на новата технологија на „Applе“, позната како „Apple Pay“. Според податоците кои доаѓаат од американскиот ланец за брза храна – „McDonalds“, нивните купувачи „Apple Pay“ го користеле во 50% од случаите кога станува збор за безконтактното плаќање.

Добра прифатеност на „Apple Pay“ има и во ланецот на продавници познат како „Whole Foods“ каде во првиот месец од достапноста на услугата биле забележани околу 150.000 трансакции по пат на овој сервис. Ништо полоша ситуацијата не е ниту во „Walgreens“ (ланец на дрогерии) од кои пристигнуваат податоци дека мобилното плаќање е двојно зголемено откако на пазарот се наоѓа и „Apple Pay“.

Овие бројки можеби во моментов не се за во книгата на светски рекорди, но не се ни за потценување. Имено бројките покажуваат дека услугата на „Apple“ за мобилно плаќање полека го зазема своето место на пазарот, и покрај тоа што поради личен интерес, не е прифатена од страна на сите продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП