8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен скок на продажбата на H&M во октомври

Силен скок на продажбата на H&M во октомври

hm

Шведскиот ланец на продавници „Hennes & Mauritz“ (H&M) објави денеска голем раст на продажбата во октомври, скоро двојно повеќе отколку во претходниот месец.

Во минатиот месец продажбата на „H&M“ искажана во локална валута, порасна за 14 проценти во однос на истиот период од лани, се наведува во соопштението.

Во септември беше забележа раст од 8 проценти во продажбата, поради невообичаеното, поради невообичаено високите температури, кои ги поттикнале потрошувачите да го одложат купувањето на зимска гаредероба.

Во соопштението исто така се наведува дека синџирот на крајот на овогодинешниот октомври имал вкупно 3.437 продавници во 55 држави ширум светот, во однос на 3.081 продавници колку што имале на крајот на минатогодишниот октомври.

Од „H&M“ најавија дека податоците за приходите од четвртиот квартал, кој завршува на крајот на овој месец, ќе ги објават на средината на декември, а годишниот бизнис извештај ќе биде готов на крајот на јануари следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП