19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi ќе претстави ултраевтин смартфон

Xiaomi ќе претстави ултраевтин смартфон

xia 3

Најбргу растечкиот светски производител на паметни телефони – кинески „Xiaomi“, планира да лансира на пазарот ултраевтин смартфон.

Компанијата доби на популарност преку достапноста на своите уреди и за само четири години стана најголемиот трговец на смартфони во Кина и четвртиот најголем во светот. Според добро упатени извори, „Xiaomi“ планира да лансира на пазарот паметен телефон со цена од околу 65 долари (101 евра).

Уредот ќе е насочен кон зголемените пазари на земјите во развој – како Индија, каде најевтините паметни телефони се прифатени со исклучителен интерес. Токму овој градус се очекува да го поведе растот во продажбата на паметните телефони во наредните години.

Смартфонот се очекува да има способност за работа со следната генерација на 4G-мрежата, според извештај на „GizChina“. Тој ќе има процесор од не особено познатиот производител „Leadcore“, специјализиран за производство на евтини процесори, дисплеј со резолуција од 720 пиксели и 1 GB RAM меморија.

Оперативниот систем најверојатно ќе биде „Android 4.4.4 KitKat“, а според наведената цена уредот ќе е најевтин производ во гамата на кинескиот производител. „Xiaomi“ продаде 1.16 милиони смартфони од серијата „Мi“ за време на распродажба во Кина на 11-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП