ТЕХНОЛОГИЈА

Facebook започна co тестовите на корпоративната верзија

WorkFacebook

„Facebook“ веќе започна со тестови на нова корпоративна верзија. „Facebook at Work“ ќе им овозможува на луѓето да имаат личен и работен профил, а секој од нив ќе им дава пристап до различни функции, објави „Financial Times“.

Новиот сајт ќе е своевиден конкурент на „LinkedIn“, но со дополнувања, познаници од „Google“ и „Microsoft“.

„Facebook at Work“ ќе овозможува разговор помеѓу вработените, размена на контакти, но и заедничка работа на документи, слично на „Google Drive“ и „Microsoft Office“.

Одлуката на социјалната мрежа да се направи таков сајт е последица од големата популарност меѓу вработените на компаниите. Тие поминуваат голем дел од работното времена „Facebook“, често комуницирајки со колегите и деловните контакти.

Според изданието, тестовите на корпоративната верзија на социјалната мрежа веќе почнаа во неколку компании. Засега од „Facebook“ не коментираат на оваа тема.