5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжува експанзијата на Seavus во регионот: - oтворена уште една канцеларија во...

Продолжува експанзијата на Seavus во регионот: – oтворена уште една канцеларија во Србијa

toti

Продолжува трендот на ширење на најголемата македонска ИТ компанија Seavus. Oфицијално од овој месец започнува со работа и новата канцеларија во Нови Сад, Србија.

Ова е втора канцеларија на Seavus отворена годинава, по онаа во Крагуевац на почетокот на 2014 година.

Технологијата на која примарно но не и ексклузивно ќе се фокусираaт експертите од новата канцеларија е Еmbedded technology или Технологија за напредни вгнездени системи, наменета за интернационални клиенти.

sivus

Ова е четврта канцеларија на Seavus во Србија, a единаесетта по ред во светот, следејќи ја веќе најавената стратегија за експанзија во регионот на Југоисточна Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП