5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкономичниот Polo со трицилиндарски TSI мотор

Економичниот Polo со трицилиндарски TSI мотор

p tsi 1

„Volkswagen“ во понудата на моделот „Polo“ го вклучи и новиот трицилиндарски бензински мотор со 95 ks и „BlueMotion“ технологија.

„Polo 1.0 TSI BlueMotion“ развива 95 ks (70 kW) и 160 Nm максимален вртежен момент. „Volkswagen“ тврди дека просечната, комбинирана потрошувачка на овој модел е 4,1 l/100 km, додека автомобилот во атмосферата емитува 94 g јаглен-диоксид по поминат километар.

За да се постигне вака ниската потрошувачка, подобрена е аеродинамиката на возилото, монтирани се гуми со низок отпор на триење, додека менувачот има подолг пренос во однос на повисоките степени на пренос.

p tsi 3

Покрај тоа, потпирањето е пониско отколку кај стандардниот модел, а „Polo“ е опремен и со „stop/start“ систем, технологија за обновување на енергијата при сопирањето и советник за економично возење, односно индикатор кој му покажува на возачот кога е оптимален момент за промена на брзината.

„Polo 1.0 TSI BlueMotion“ е во состојба да развие максимални 190 km/h.

Инаку, препорачаната почетна цена за овој модел во Германија изнесува 15.925 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП